плиска
Значење на плиска:
1. а) Силно излива, блиска вода или друга течност. Таа плиска кофи со вода по дворот за да го освежи. Додека ги носеше чашите, келнерката го плискаше пивото и тоа течеше низ нејзините раце. б) Блиска вода врз делови од телото или врз човек општо. Девојчето си го плискаше лицето со вода на чешмата. Патниците го плискаа со вода онесвестениот.
2. а) Силно врне дожд. Врз плочите на покривот плиска ли плиска силен дожд. б) За море, река, бран и сл. ‒ удира во брег. Бранчињата силно плискаат и им ги мијат босите испрашени нозе на децата. Езерските води го плискаа каменестиот брег.
3. (прен.) Фрла пари, троши без мера. Плиска пари по пиење, по жени.
Коњугација: плискаат.
Изведени зборови:
- плискање, глаг. им. ср.
- се ~ плиска, 1. Се прска со вода. а) Себеси. Девојчето се плискаше со студената вода. б) Еден со друг, заемно. Децата по цел ден се плискаат на реката (едно со друго). 2. Се блиска, се оттура од некаков сад. Водата се плиска од бурињата товарена на запрежната кола.
Оригинални податоци:
плиска, плискаат несв. 1. а) Силно излива, блиска вода или друга течност. Таа плиска кофи со вода по дворот за да го освежи. Додека ги носеше чашите, келнерката го плискаше пивото и тоа течеше низ нејзините раце. б) Блиска вода врз делови од телото или врз човек општо. Девојчето си го плискаше лицето со вода на чешмата. Патниците го плискаа со вода онесвестениот. 2. а) Силно врне дожд. Врз плочите на покривот плиска ли плиска силен дожд. б) За море, река, бран и сл. ‒ удира во брег. Бранчињата силно плискаат и им ги мијат босите испрашени нозе на децата. Езерските води го плискаа каменестиот брег. 3. (прен.) Фрла пари, троши без мера. Плиска пари по пиење, по жени. ● се ~ 1. Се прска со вода. а) Себеси. Девојчето се плискаше со студената вода. б) Еден со друг, заемно. Децата по цел ден се плискаат на реката (едно со друго). 2. Се блиска, се оттура од некаков сад. Водата се плиска од бурињата товарена на запрежната кола. ‖ глаг. им. плискање ср.