плисне
Значење на плисне:
1. а) Излее, блисне вода или друга течност со силен замав. Жената плисна неколку кофи вода врз цвеќињата. Таа му ја плисна чашата вино на дрскиот гостин в лице. б) Блисне вода врз делови од телото или врз човек општо. Таа го плисна детето со ладна вода.
2. а) За дожд ‒ почне силно да врне. Уште на вториот километар се стемни, и дожд плисна од небото. б) За бран, езеро, море и сл. Бранот силно го плисна малото бротче и тоа се преврте.
3. (прен.) Разлее силно како вода, како бран. а) За чувства. Топлина го плисна во лицето. б) За светлина и сл. Сончевина плисна по ридовите.
Коњугација: (ќе) плиснеа , (ќе) плиснев , (ќе) плиснел, плиснаа , плиснав , плиснал , плиснат , плиснат , плиснете , плисни .
Изведени зборови:
- плиснување, глаг. им. ср.
- се ~ плисне, 1. Се прсне себеси со вода. Тој се плисна со студена вода за да се рассони. 2. Се блисне течност, најчесто вода од некаков сад. На жената ѝ се плисна млеко од ведрото додека го креваше на масата.
- (се) плиснува, глаг. несв. (се) плиснуваат
Оригинални податоци:
плисне, плиснат; плисни, плиснете; плиснав, плиснаа; плиснал; плиснат; (ќе) плиснев, (ќе) плиснеа; (ќе) плиснел св. 1. а) Излее, блисне вода или друга течност со силен замав. Жената плисна неколку кофи вода врз цвеќињата. Таа му ја плисна чашата вино на дрскиот гостин в лице. б) Блисне вода врз делови од телото или врз човек општо. Таа го плисна детето со ладна вода. 2. а) За дожд ‒ почне силно да врне. Уште на вториот километар се стемни, и дожд плисна од небото. б) За бран, езеро, море и сл. Бранот силно го плисна малото бротче и тоа се преврте. 3. (прен.) Разлее силно како вода, како бран. а) За чувства. Топлина го плисна во лицето. б) За светлина и сл. Сончевина плисна по ридовите. ● се ~ 1. Се прсне себеси со вода. Тој се плисна со студена вода за да се рассони. 2. Се блисне течност, најчесто вода од некаков сад. На жената ѝ се плисна млеко од ведрото додека го креваше на масата. ‖ (се) плиснува, (се) плиснуваат несв. ‖ глаг. им. плиснување ср.