плива
Значење на плива:
1. а) Се движи во вода правејќи потребни движења со рацете и нозете, со телото, односно со органите (кај рибите и др.) приспособени за тоа. Тој плива уште од мал. Пливачите пливаат веќе еден час. Рибите пливаа во аквариумот наваму натаму. Кучето пливаше од едниот крај на езерото на другиот. б) Тренира пливање. Таа плива веќе две години.
2. За предмети ‒ се наоѓа, не потонува или се движи во водна средина. Корпата со бебето пливала по реката. Безброј штици од потопениот брод пливаа по реката. нафтата пливаше по водата.
3. (прен.) Поплавен е. Нивите пливаа во вода.
4. (прен.) Лежи, се наоѓа во некаква течност. Ранетиот пливаше во крв.
Коњугација: пливаат.
Изведени зборови:
- пливање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Плива во долгови ‒ многу е задолжен. Плива во пот ‒ многу е испотен.
Оригинални податоци:
плива, пливаат несв. 1. а) Се движи во вода правејќи потребни движења со рацете и нозете, со телото, односно со органите (кај рибите и др.) приспособени за тоа. Тој плива уште од мал. Пливачите пливаат веќе еден час. Рибите пливаа во аквариумот наваму натаму. Кучето пливаше од едниот крај на езерото на другиот. б) Тренира пливање. Таа плива веќе две години. 2. За предмети ‒ се наоѓа, не потонува или се движи во водна средина. Корпата со бебето пливала по реката. Безброј штици од потопениот брод пливаа по реката. нафтата пливаше по водата. 3. (прен.) Поплавен е. Нивите пливаа во вода. 4. (прен.) Лежи, се наоѓа во некаква течност. Ранетиот пливаше во крв. ◊ Плива во долгови ‒ многу е задолжен. Плива во пот ‒ многу е испотен. ‖ глаг. им. пливање ср.