пљампа

Глагол, несвршен

Разговорен збор, израз.

Значење на пљампа:

Дрдори, зборува сè и сешто. Пљампа што било и не било.

Коњугација: пљампаат.

Изведени зборови:

  • пљампање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пљампа како празна воденица ‒ зборува многу, сè и сешто, озборува и сл.

Оригинални податоци:

пљампа, пљампаат несв. (разг.) Дрдори, зборува сè и сешто. Пљампа што било и не било. ◊ Пљампа како празна воденица ‒ зборува многу, сè и сешто, озборува и сл. ‖ глаг. им. пљампање ср.