плоча

Именка, женски род

Значење на плоча:

1. Плоската и танка површина од камен, метал и сл. Камени плочи. Мермерни плочи. Надгробна плоча. Бетонска плоча.

2. (геол.) Големи земјени блокови, дел од литосферата, што постојано се движат и на тој начин го обликуваат релјефот на Земјата.

3. Кај грамофонот ‒ поливинилски плоскати предмети од кои се репродуцира музика. Грамофонски плочи.

4. Поткова кај коњот. Коњска плоча.

Множина: плочи.

Изведени зборови:

  • плоче, и. ср. (само едн.), плоченце (само едн.) дем и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ги фрли плочите (ирон.) ‒ умре. Од мртов коњ, плочи сака ‒ бара нешто од кај што не може да го добие. Смени плоча ‒ смени тема на разговор, кажи нешто друго. Спомен-плоча ‒ обично мермерна плоча со натпис што се поставува на место врзано со познат историски настан или со позната личност. Шпер-плоча (панел-плоча) ‒ слепена под силен притисок танка дрвена плоча.

Оригинални податоци:

плоча, мн. плочи ж. 1. Плоската и танка површина од камен, метал и сл. Камени плочи. Мермерни плочи. Надгробна плоча. Бетонска плоча. 2. (геол.) Големи земјени блокови, дел од литосферата, што постојано се движат и на тој начин го обликуваат релјефот на Земјата. 3. Кај грамофонот ‒ поливинилски плоскати предмети од кои се репродуцира музика. Грамофонски плочи. 4. Поткова кај коњот. Коњска плоча. ◊ Ги фрли плочите (ирон.) ‒ умре. Од мртов коњ, плочи сака ‒ бара нешто од кај што не може да го добие. Смени плоча ‒ смени тема на разговор, кажи нешто друго. Спомен-плоча ‒ обично мермерна плоча со натпис што се поставува на место врзано со познат историски настан или со позната личност. Шпер-плоча (панел-плоча) ‒ слепена под силен притисок танка дрвена плоча. ‖ плоче (само едн.), плоченце (само едн.) ср. дем и хип.