плод
Значење на плод:
1. Кај растение ‒ а) орган што се развива од оплоден цвет и во кој се развива семе. Плодот на јаболкницата е јаболко. Овошките веќе имаа зрели плодови. Јаболкницата првпат заврза плод. б) (само едн.) Сиот род на едно растение. Оваа слива дава многу плод. Оваа сорта дава плод многу доцна.
2. Кај човек и животно ‒ зародок, ембрион. Мајката носи плод во утробата. Стелната крава го пометна плодот.
3. (прен.) Резултат од физичка или умствена работа. Книгата е плод на неговиот упорен долгогодишен труд.
4. (прен.) Производ или последица на некаква активност, обично духовна. Стравот кај него беше плод на преживеани трауми во детството. Тоа е плод на неговата фантазија.
Множина: плодови.
Оригинални податоци:
плод, мн. плодови м. 1. Кај растение ‒ а) орган што се развива од оплоден цвет и во кој се развива семе. Плодот на јаболкницата е јаболко. Овошките веќе имаа зрели плодови. Јаболкницата првпат заврза плод. б) (само едн.) Сиот род на едно растение. Оваа слива дава многу плод. Оваа сорта дава плод многу доцна. 2. Кај човек и животно ‒ зародок, ембрион. Мајката носи плод во утробата. Стелната крава го пометна плодот. 3. (прен.) Резултат од физичка или умствена работа. Книгата е плод на неговиот упорен долгогодишен труд. 4. (прен.) Производ или последица на некаква активност, обично духовна. Стравот кај него беше плод на преживеани трауми во детството. Тоа е плод на неговата фантазија.