пломба
Значење на пломба:
1. Парче олово, восок и сл., обично со печат, со кое се затвора нешто (пакет, писмо, просторија и др.) како знак дека не смее да се отвори и не може да се стигне до содржината без да се скрши. Инспекцијата стави пломба на неколку дуќани поради санитарна неисправност. Писмото имаше пломба од црвен восок.
2. (мед.) а) Маса со која целосно се полни шуплината на расипан заб. б) Едно такво полнење. Падна пломбата од забот.
Множина: пломби.
Оригинални податоци:
пломба, мн. пломби ж. 1. Парче олово, восок и сл., обично со печат, со кое се затвора нешто (пакет, писмо, просторија и др.) како знак дека не смее да се отвори и не може да се стигне до содржината без да се скрши. Инспекцијата стави пломба на неколку дуќани поради санитарна неисправност. Писмото имаше пломба од црвен восок. 2. (мед.) а) Маса со која целосно се полни шуплината на расипан заб. б) Едно такво полнење. Падна пломбата од забот.