плови
Значење на плови:
1. Се движи по површината на водата или во неа, за пловен објект ‒ брод, подморница, лаѓа. Коработ пловел на север. Чунови со платна пловеа по езерцето во паркот.
2. Патува со пловен објект. Рибарите брзо пловеа на тесните чунови со две весла. Морепловците пловеле на југ.
3. (прен.) Лета, се движи полека низ воздух по небо. Облакот пловеше високо во синевината. Параглајдерот полека пловеше спуштајќи се од планината кон полето.
4. (прен.) За мисла и сл. ‒ се пренесува полека како по вода. Мислите му пловат далеку во родната земја. Среќни насмевки пловеа на нивните лица.
Коњугација: пловат.
Изведени зборови:
- пловење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
плови, пловат несв. 1. Се движи по површината на водата или во неа, за пловен објект ‒ брод, подморница, лаѓа. Коработ пловел на север. Чунови со платна пловеа по езерцето во паркот. 2. Патува со пловен објект. Рибарите брзо пловеа на тесните чунови со две весла. Морепловците пловеле на југ. 3. (прен.) Лета, се движи полека низ воздух по небо. Облакот пловеше високо во синевината. Параглајдерот полека пловеше спуштајќи се од планината кон полето. 4. (прен.) За мисла и сл. ‒ се пренесува полека како по вода. Мислите му пловат далеку во родната земја. Среќни насмевки пловеа на нивните лица. ‖ глаг. им. пловење ср.