плука

Глагол, несвршен

Значење на плука:

1. плукне_1

2. Исфрла како плунка нешто од устата. Јаде цреши и ги плука семките преку оградата на балконот.

3. (прен.) Искажува презир спрема некого или кон нешто. Плукам јас на таков живот. Плукам јас на таа работа.

4. Напаѓа, критикува некого или нешто со навреди, невистини со цел да оцрни некого. Тој плука на сè што е направено досега. Плука на директорот по медиумите.

Коњугација: плукаат.

Изведени зборови:

  • плукање, глаг. им. ср.
  • се ~ плука, (само мн.) Еден со друг си упатуваат плуканица. Децата се плукаа едно со друго.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нов бунар копај, во стариот не плукај (посл.) ‒ барај, стреми се кон ново, но не презирај го старото. Не плукај угоре, да не падне на тебе (посл.) ‒ не прави лошо, да не ти се врати лошото. Не плукај спроти ветер ‒ лошото што го зборуваш (го правиш) ќе ти се врати тебе. Кај што плукам не лижам ‒ дадениот, кажаниот збор не го повлекувам.

Оригинални податоци:

плука, плукаат несв. 1. сп. плукне 1. 2. Исфрла како плунка нешто од устата. Јаде цреши и ги плука семките преку оградата на балконот. 3. (прен.) Искажува презир спрема некого или кон нешто. Плукам јас на таков живот. Плукам јас на таа работа. 4. Напаѓа, критикува некого или нешто со навреди, невистини со цел да оцрни некого. Тој плука на сè што е направено досега. Плука на директорот по медиумите. ● се ~ (само мн.) Еден со друг си упатуваат плуканица. Децата се плукаа едно со друго. ◊ Нов бунар копај, во стариот не плукај (посл.) ‒ барај, стреми се кон ново, но не презирај го старото. Не плукај угоре, да не падне на тебе (посл.) ‒ не прави лошо, да не ти се врати лошото. Не плукај спроти ветер ‒ лошото што го зборуваш (го правиш) ќе ти се врати тебе. Кај што плукам не лижам ‒ дадениот, кажаниот збор не го повлекувам. ‖ глаг. им. плукање ср.