плукне
Значење на плукне:
1. Исфрли од уста плунка или нешто друго. Ранетиот плукна крв. Капетанот енергично плукна настрана.
2. Исфрли од уста нешто што се џвака, јаде и сл., што се наоѓа или се нашло во устата. Тој ја плукна тревката што нервозно ја грицкаше.
Коњугација: (ќе) плукнеа , (ќе) плукнев , (ќе) плукнел , плукнаа , плукнав , плукнал , плукнат, плукнат , плукнете , плукни .
Изведени зборови:
- плукнува, глаг. несв. плукнуваат ‒ повт.
- плукнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Си плукна на рацете ‒ се зафати сериозно со некоја работа. Ќе ми плукнеш под пенџере ‒ ништо не ми можеш. Плукни си во пазува ‒ желба да не се случи нешто лошо.
Оригинални податоци:
плукне, плукнат; плукни, плукнете; плукнав, плукнаа; плукнал; (ќе) плукнев, (ќе) плукнеа; (ќе) плукнел; плукнат св. 1. Исфрли од уста плунка или нешто друго. Ранетиот плукна крв. Капетанот енергично плукна настрана. 2. Исфрли од уста нешто што се џвака, јаде и сл., што се наоѓа или се нашло во устата. Тој ја плукна тревката што нервозно ја грицкаше. ◊ Си плукна на рацете ‒ се зафати сериозно со некоја работа. Ќе ми плукнеш под пенџере ‒ ништо не ми можеш. Плукни си во пазува ‒ желба да не се случи нешто лошо. ‖ плукнува, плукнуваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. плукнување ср.