плурализам

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на плурализам:

1. Филозофско учење според кое светот се состои од множество самостојни суштини, супстанции.

2. а) Принцип на општествено уредување врз основа на слободна дејност на повеќе политички партии. б) Слободно јавно изразување и застапување на различни мислења и ставови.

Членувана форма: плурализмот.

Изведени зборови:

  • плуралистички, прид. плуралистичкиот

Оригинални податоци:

плурализам, плурализмот (само едн.) м. 1. Филозофско учење според кое светот се состои од множество самостојни суштини, супстанции. 2. а) Принцип на општествено уредување врз основа на слободна дејност на повеќе политички партии. б) Слободно јавно изразување и застапување на различни мислења и ставови. ‖ плуралистички, плуралистичкиот прид.