плус
Значење на плус:
1. (мат.) а) Математички знак за означување на операцијата собирање (+); минус. б) За означување дека дадена величина се додава кон друга, т.е. се означува операцијата собирање на два или повеќе броја. Два плус два се четири. в) (само едн.) Ознака за позитивни броеви, т.е. броеви поголеми од нула. Температурата на воздухот е плус пет степени.
2. Што има позитивен електричен набој.
3. Знак за позитивно во оценувањето. По хемија добив плус. На писмената работа добив четири плус.
4. (разг.) Дополнителна добивка, повеќе од тоа што е доволно. Тоа е плус на порачаното, куќата чести. Пита плус кокошка печена.
5. (прен.) Предност, позитивна страна на нешто. Тоа претставува негов плус во таа работа.
Множина: плуса, плусови.
Фразеолошки израз / поговорка:
Плус-минус ‒ плус или минус од наведениот износ, приближно, тука некаде.
Оригинални податоци:
плус, мн. плусови, избр. мн. плуса м. 1. (мат.) а) Математички знак за означување на операцијата собирање (+); спрот. минус. б) За означување дека дадена величина се додава кон друга, т.е. се означува операцијата собирање на два или повеќе броја. Два плус два се четири. в) (само едн.) Ознака за позитивни броеви, т.е. броеви поголеми од нула. Температурата на воздухот е плус пет степени. 2. Што има позитивен електричен набој. 3. Знак за позитивно во оценувањето. По хемија добив плус. На писмената работа добив четири плус. 4. (разг.) Дополнителна добивка, повеќе од тоа што е доволно. Тоа е плус на порачаното, куќата чести. Пита плус кокошка печена. 5. (прен.) Предност, позитивна страна на нешто. Тоа претставува негов плус во таа работа. ◊ Плус-минус ‒ плус или минус од наведениот износ, приближно, тука некаде.