Оригинални податоци:
по-1 Претставка / префикс за образување глаголи со следните значења. 1. Извршено дејство во мала мера, донекаде, малку или уште малку: побере, повари, повози, погрее, подржи, почека, послезе, постегне. 2. Почеток на глаголското дејство: побуни, поведе, повлече, полета (авион и сл.), потера, потрча (по некого, по нешто). 3. Извршеност на дејството: побара, повика (некого), подели, покани, понуди, пофали. 4. Дејство извршено по површината на нешто: погази, погали, покрие, полее, попрска, посипе, потури. 5. Дејството се однесува на повеќе лица или предмети: полегне, поседне, поникне, попадне, потруе, посече, потепа (сите, сè). 6. Во состав на префиксиран глагол: подоближи, позаврзе, поизвади, поисплакне, понамести, поразгори итн. означува дека дејството на првично префиксираниот глагол е извршено уште во некоја мера. 7. Кај глаголи образувани од именка или придавка означува промена, преминување во тоа што го значи именката или придавката од основата на глаголот: потурчи, покатоличи, поевтини, полуди, посвои.