по
Значење на по:
1. Пространствени значења: а) Место на вршење на дејството, обично горниот дел на нешто. Не смеат да итаат, ползат по снегот. Петлите кукуригаат по плотовите. б) Предмет врз кој се врши дејството. При секое поздравување ме потчукнува по рамо. Удри го по раце, не по глава, в) Поширок простор каде што се одвива некое дејство без определена насока. Често шеташе по полето. Пеш по светот. г) На второ место, зад некого или нешто. Мажите одат напред, а жените по нив. Застанете во редицата по последниот пријавен. д) Правец, насока на дејството. Го следеше пловењето на едреникот по реката.
2. Временски значења: а) Подоцна од нешто (настан, празник, временски период и сл.) Сите се надеваат на подобар живот по влегувањето во ЕУ. Се вративме дома по три месеци, некаде по Митровден. б) Подолго времетраење, продолжителност на дејството. По цел ден ги смируваме жените и децата. Браќата се караа по цела ноќ.
3. Начински значења: а) Карактеристично, типично постапување. Никого не слуша, си тера по свое. Се облекува по европски. б) Постепеност, последователност. Еден по еден ќе нè ликвидираат. Капка по капка ‒ вир. Со денови редевме тула по тула во потпорниот ѕид. в) Количествена распределба. Авторот ни подели по еден примерок од книгата. Наградените ќе добијат по десет илјади денари. г) Дејство во согласност со нешто, според некој принцип. Списокот е по азбучен ред. По желба на наградениот ќе се купи санитетско возило. д) Недоволна или несоодветна облеченост во некоја околност. Тргнал на работа по влечки. Среде зима оди по кошула, не чувствува студ.
4. Целно значење. Божем по партиска задача доаѓа. Се враќаме по алатот. Го пушта детето по цигари.
5. Причина. Хаваријата настанала по грешка на дежурниот. Сето ова се случува по твоја вина.
6. Карактеристика, белег, својство и сл. Само по гласот те препознав, многу си се изменил. Од сите Јованче се изделуваше по својата остроумност.
7. Средство, посредство при реализирање на нешто. Ќе го откажеме превозот по железница поради честите доцнења. Јави ми се по телефон. Решението ќе ти го доставиме по курир.
8. Вид дејност. Тримесечен курс по дактилографија. Настава по странски јазици.
9. Однос на блискост, сродност. Одамна се другари по чашката. Марко му е брат само по татко.
10. Множење во математиката. Колку е осум по седум? Минус по минус дава плус.
Оригинални податоци:
по предл. 1. Пространствени значења: а) Место на вршење на дејството, обично горниот дел на нешто. Не смеат да итаат, ползат по снегот. Петлите кукуригаат по плотовите. б) Предмет врз кој се врши дејството. При секое поздравување ме потчукнува по рамо. Удри го по раце, не по глава, в) Поширок простор каде што се одвива некое дејство без определена насока. Често шеташе по полето. Пеш по светот. г) На второ место, зад некого или нешто. Мажите одат напред, а жените по нив. Застанете во редицата по последниот пријавен. д) Правец, насока на дејството. Го следеше пловењето на едреникот по реката. 2. Временски значења: а) Подоцна од нешто (настан, празник, временски период и сл.) Сите се надеваат на подобар живот по влегувањето во ЕУ. Се вративме дома по три месеци, некаде по Митровден. б) Подолго времетраење, продолжителност на дејството. По цел ден ги смируваме жените и децата. Браќата се караа по цела ноќ. 3. Начински значења: а) Карактеристично, типично постапување. Никого не слуша, си тера по свое. Се облекува по европски. б) Постепеност, последователност. Еден по еден ќе нè ликвидираат. Капка по капка ‒ вир. Со денови редевме тула по тула во потпорниот ѕид. в) Количествена распределба. Авторот ни подели по еден примерок од книгата. Наградените ќе добијат по десет илјади денари. г) Дејство во согласност со нешто, според некој принцип. Списокот е по азбучен ред. По желба на наградениот ќе се купи санитетско возило. д) Недоволна или несоодветна облеченост во некоја околност. Тргнал на работа по влечки. Среде зима оди по кошула, не чувствува студ. 4. Целно значење. Божем по партиска задача доаѓа. Се враќаме по алатот. Го пушта детето по цигари. 5. Причина. Хаваријата настанала по грешка на дежурниот. Сето ова се случува по твоја вина. 6. Карактеристика, белег, својство и сл. Само по гласот те препознав, многу си се изменил. Од сите Јованче се изделуваше по својата остроумност. 7. Средство, посредство при реализирање на нешто. Ќе го откажеме превозот по железница поради честите доцнења. Јави ми се по телефон. Решението ќе ти го доставиме по курир. 8. Вид дејност. Тримесечен курс по дактилографија. Настава по странски јазици. 9. Однос на блискост, сродност. Одамна се другари по чашката. Марко му е брат само по татко. 10. Множење во математиката. Колку е осум по седум? Минус по минус дава плус.