победи
Значење на победи:
1. Извојува победа во битка, во војна, порази непријател.
2. Покаже најдобар резултат во спортски или во друг натпревар.
3. (прен.) Совлада, надвие нешто. Одвај успеа да го победи стравот. Се надева дека ќе ја победи болеста.
Коњугација: победат.
Изведени зборови:
- победува, глаг. повт. победуваат
- победување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
победи, победат св. 1. Извојува победа во битка, во војна, порази непријател. 2. Покаже најдобар резултат во спортски или во друг натпревар. 3. (прен.) Совлада, надвие нешто. Одвај успеа да го победи стравот. Се надева дека ќе ја победи болеста. ‖ победува, победуваат повт. ‖ глаг. им. победување ср.