побегне
Значење на побегне:
1. а) Со трчање, бегање успее да се оддалечи од некого, избега некому. Одвај му се истргал од раце и побегнал. б) (прен., разг.) За превозно средство ‒ тргне пред пристигањето на патникот што задоцнил. За малку ми побегна возот.
2. Напушти некое место без да биде забележан, се ослободи од нешто. Побегнал од затвор. Побегнале преку граница.
3. Без знаење на родителите отиде кај момчето како бегалка; бега 4.
Коњугација: (ќе) побегнеа , (ќе) побегнев , (ќе) побегнел, побегнаа , побегнав , побегнал , побегнат , побегнат , побегнете , побегни .
Изведени зборови:
- побегнува, глаг. повт. побегнуваат
- побегнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
побегне, побегнат; побегни, побегнете; побегнав, побегнаа; побегнал; побегнат; (ќе) побегнев, (ќе) побегнеа; (ќе) побегнел св. 1. а) Со трчање, бегање успее да се оддалечи од некого, избега некому. Одвај му се истргал од раце и побегнал. б) (прен., разг.) За превозно средство ‒ тргне пред пристигањето на патникот што задоцнил. За малку ми побегна возот. 2. Напушти некое место без да биде забележан, се ослободи од нешто. Побегнал од затвор. Побегнале преку граница. 3. Без знаење на родителите отиде кај момчето како бегалка; сп. бега 4. ‖ побегнува, побегнуваат повт. ‖ глаг. им. побегнување ср.