побратим

Именка, машки род

Значење на побратим:

1. Тој што се прогласува за брат со некого според определен обред (заедничко испивање вино, мешање крв и сл.). Тие сега станаа побратими со крвта.

2. Најблизок, верен пријател.

3. Лице што врши извесни услуги за свадбени обичаи, близок другар на момчето.

4. Обраќање кон непознато лице од исто место, од ист крај или како израз на блискост. Кај си тргнал вака, побратиме!

Множина: побратими.

Оригинални податоци:

побратим, мн. побратими м. 1. Тој што се прогласува за брат со некого според определен обред (заедничко испивање вино, мешање крв и сл.). Тие сега станаа побратими со крвта. 2. Најблизок, верен пријател. 3. Лице што врши извесни услуги за свадбени обичаи, близок другар на момчето. 4. Обраќање кон непознато лице од исто место, од ист крај или како израз на блискост. Кај си тргнал вака, побратиме!