побрка 1
Значење на побрка:
1. Измеша, направи безредие. Ги побркал клучевите, одвај ни отклучи. Му ги побркал страниците на ракописот.
2. Погреши, замени едно со друго. Ги побркал датумите. Си ме побркал со некој друг.
3. (прен.) Направи некој да изгуби памет. Како можел толку да му го побрка умот?
Коњугација: побркаат.
Изведени зборови:
- побркување, глаг. им. ср.
- се ~ побрка, 1. (само 3 л.) Се смеша, се измеша. Им се побркал планот. 2. Изгуби памет. По несреќата, човекот се побрка.
- (се) побркува, глаг. повт. (се) побркуваат
Оригинални податоци:
побрка1, побркаат св. 1. Измеша, направи безредие. Ги побркал клучевите, одвај ни отклучи. Му ги побркал страниците на ракописот. 2. Погреши, замени едно со друго. Ги побркал датумите. Си ме побркал со некој друг. 3. (прен.) Направи некој да изгуби памет. Како можел толку да му го побрка умот? ● се ~ 1. (само 3 л.) Се смеша, се измеша. Им се побркал планот. 2. Изгуби памет. По несреќата, човекот се побрка. ‖ (се) побркува, (се) побркуваат повт. ‖ глаг. им. побркување ср.