побудали
Значење на побудали:
1. Стане будала. Се чудам како не побудалел на тие маки.
2. Стане како будала (од силни чувства, желби и сл.). Побудалел по неа.
3. Доведе некого во состојба на будала. Тие караници на браќата го побудалија стариот.
Коњугација: (го) побудалив , (го) побудалија , (го) побудалил , побудалат , побудалеа , побудалев , побудалел , побудален, побудалете , побудали .
Изведени зборови:
- побудалување, глаг. им. ср.
- се ~ побудали, сп. побудали 1.
- (се) побудалува, глаг. несв. (се) побудалуваат
Оригинални податоци:
побудали, побудалат; побудали, побудалете; побудалев, побудалеа; побудалел; (го) побудалив, (го) побудалија; (го) побудалил; побудален св. 1. Стане будала. Се чудам како не побудалел на тие маки. 2. Стане како будала (од силни чувства, желби и сл.). Побудалел по неа. 3. Доведе некого во состојба на будала. Тие караници на браќата го побудалија стариот. ● се ~ сп. побудали 1. ‖ (се) побудалува, (се) побудалуваат несв. ‖ глаг. им. побудалување ср.