побуни
Значење на побуни:
Поттикне некого на бунт. Некој ги побунил селаните.Коњугација: побунат.
Изведени зборови:
- побунување, глаг. им. ср.
- се ~ побуни, 1. Изрази незадоволство, револт, стапи во бунт. 2. Се појави незадоволство, револт. По таа неправда, кај него нешто се побуни.
- (се) побунува, глаг. повт. (се) побунуваат
Оригинални податоци:
побуни, побунат св. Поттикне некого на бунт. Некој ги побунил селаните. ● се ~ 1. Изрази незадоволство, револт, стапи во бунт. 2. Се појави незадоволство, револт. По таа неправда, кај него нешто се побуни. ‖ (се) побунува, (се) побунуваат повт. ‖ глаг. им. побунување ср.