почести
Значење на почести:
1. Чести, понуди нешто за јадење или за пиење. Го почестил гостинот со кафе.
2. Искаже почит, почест. Тој нè почести со неговото присуство.
Конјугација: почестат.
Изведени зборови:
- почестување, глаг. им. ср.
- се ~ почести, Се чести, се послужи. Гостите се почестија и си заминаа.
- (се) почестува, глаг. несв. (се) почестуваат
Оригинални податоци:
почести, почестат св. 1. Чести, понуди нешто за јадење или за пиење. Го почестил гостинот со кафе. 2. Искаже почит, почест. Тој нè почести со неговото присуство. ● се ~ Се чести, се послужи. Гостите се почестија и си заминаа. ‖ (се) почестува, (се) почестуваат несв. ‖ глаг. им. почестување ср.