почне
Значење на почне:
1. Тргне од почеток, пристапи кон некое дејство; започне. Тој почна силно да плаче. Градината почна да цвета.
2. Започне изградба, изработка на нешто. Оваа година ја почнавме куќата. Фабриката почна со производство на делови за возила.
3. Пристапи кон трошење на нешто непочнато. Ние веднаш ја почнавме зимницата. Ги почнавме дрвата.
4. Зафати нешто да се случува. Почна летото. Часот почна.
Коњугација: (ќе) почнеа , (ќе) почнев , (ќе) почнел, почнаа , почнав , почнал , почнат , почнат , почнете , почни .
Изведени зборови:
- почнува, глаг. несв. почнуваат
- почнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
почне, почнат; почни, почнете; почнав, почнаа; почнал; почнат; (ќе) почнев, (ќе) почнеа; (ќе) почнел св. 1. Тргне од почеток, пристапи кон некое дејство; започне. Тој почна силно да плаче. Градината почна да цвета. 2. Започне изградба, изработка на нешто. Оваа година ја почнавме куќата. Фабриката почна со производство на делови за возила. 3. Пристапи кон трошење на нешто непочнато. Ние веднаш ја почнавме зимницата. Ги почнавме дрвата. 4. Зафати нешто да се случува. Почна летото. Часот почна. ‖ почнува, почнуваат несв. ‖ глаг. им. почнување ср.