почуди
Значење на почуди:
1. зачуди. Ме почуди неговото држење.
2. восхити. Ме почуди неговата интелигенција.
3. (дијал.) Урочи. Таа како да го почуди детето.
Конјугација: почудат.
Изведени зборови:
- почудување, глаг. им. ср.
- се ~ почуди, 1. Се зачуди. Сите гости се почудија. 2. Се восхити. Се почудив од тие убавини.
- (се) почудува, глаг. несв. (се) почудуваат
Оригинални податоци:
почуди, почудат св. 1. сп. зачуди. Ме почуди неговото држење. 2. сп. восхити. Ме почуди неговата интелигенција. 3. (дијал.) Урочи. Таа како да го почуди детето. ● се ~ 1. Се зачуди. Сите гости се почудија. 2. Се восхити. Се почудив од тие убавини. ‖ (се) почудува, (се) почудуваат несв. ‖ глаг. им. почудување ср.