под
Значење на под:
1. Пространствено значење: а) Место од долната страна на нешто каде се одвива дејството. Седиме во дворот под липата. Под стреата на новата куќа. б) Место на долната, пониската страна од нешто, во подножјето на планински предел и сл. Се криеше во прнарот под ридот. Се пробива патот до неколку села под Јабланица. Војниците се групираа под селото.
2. Подолу, пониско од определената граница, мерка и сл. Ќе се вакцинираат сите деца под седумгодишна возраст. Температурата се спушти под нулата.
3. Начин, белег, карактер на вршењето на дејството. Фудбалерите играа под своите можности. Цело село знае дека е под казна. Објавува колумни под псевдонимот Трендо. Го напушти состанокот под изговор дека не се чувствува добро.
4. Состојба, околности при кои се врши дејството. Под стари години се расправа по судови за имотот. Цели пет часа беше под анестезија. Под пеколни горештини го пробива патот покрај реката.
5. Причина за вршење на некое дејство. Министерот си поднесе оставка под притисок на јавноста. Под дејство на алкохолот тетерави по патот.
6. Потчинетост, зависност на дејството или состојбата од некого или од нешто. Ќе бидете под моја команда. Победата е извојувана под раководство на големиот стратег на герилското војување. Неколку века Балканот беше под турско ропство.
7. Опфатеност, соодветност, еднаквост. Под асонанција се подразбира повторување на исти самогласки во еден стих.
Фразеолошки израз / поговорка:
Под око (гледа) ‒ тајно набљудува, без да биде забележан. Под секоја критика ‒ без никаква вредност, многу лош.
Оригинални податоци:
под предл. 1. Пространствено значење: а) Место од долната страна на нешто каде се одвива дејството. Седиме во дворот под липата. Под стреата на новата куќа. б) Место на долната, пониската страна од нешто, во подножјето на планински предел и сл. Се криеше во прнарот под ридот. Се пробива патот до неколку села под Јабланица. Војниците се групираа под селото. 2. Подолу, пониско од определената граница, мерка и сл. Ќе се вакцинираат сите деца под седумгодишна возраст. Температурата се спушти под нулата. 3. Начин, белег, карактер на вршењето на дејството. Фудбалерите играа под своите можности. Цело село знае дека е под казна. Објавува колумни под псевдонимот Трендо. Го напушти состанокот под изговор дека не се чувствува добро. 4. Состојба, околности при кои се врши дејството. Под стари години се расправа по судови за имотот. Цели пет часа беше под анестезија. Под пеколни горештини го пробива патот покрај реката. 5. Причина за вршење на некое дејство. Министерот си поднесе оставка под притисок на јавноста. Под дејство на алкохолот тетерави по патот. 6. Потчинетост, зависност на дејството или состојбата од некого или од нешто. Ќе бидете под моја команда. Победата е извојувана под раководство на големиот стратег на герилското војување. Неколку века Балканот беше под турско ропство. 7. Опфатеност, соодветност, еднаквост. Под асонанција се подразбира повторување на исти самогласки во еден стих. ◊ Под око (гледа) ‒ тајно набљудува, без да биде забележан. Под секоја критика ‒ без никаква вредност, многу лош.