под-
Значење на под-:
(пот- пред безвучна согласка) Претставка / префикс во состав на глаголи, именки и придавки со следните значења.Оригинални податоци:
под- (пот- пред безвучна согласка) Претставка / префикс во состав на глаголи, именки и придавки со следните значења. 1. Во образувањето на глаголи означува: а) глаголско дејство извршено под нешто, одоздола, на долната страна: подѕида, подлока, подметне, поткладе, поткове, поткопа, потпали, потпише, потцрта, потшие; б) дејство извршено во мала мера, донекаде: подбегне, подбркне, подвене, подлавне, подроси, поткара, потпушти, потстане, поттргне, поттурне; в) прикриено, слабо изразено дејство: подлаже, потскара, подјаде, подмигне, подрече, поткаже, поткупи, потплати, потпраша, потслушне, потчуе; г) целосно извршено дејство: подготви, подмачка, поткине, подреди, потсети (некого), потсири; д) добие или направи да добие некој или нешто особина, својство на именката или на придавката од основата на глаголот: подмлади, поджолтне, поткисели, потсоли, поткваси. 2. Во образувањето на придавки и именки означува: а) лице од понизок ранг, пониско звање од означеното со основниот збор: подофицер, потполковник, потпретседател, потсекретар; б) дел, раздел во некоја целост, тоа што е на пониско ниво во претставата на некоја поделба, класификација: поднаслов, потпрашање, подвид, подгрупа, подраздел, поттип, потточка; в) дел, слој, простор, предмет што се наоѓа под означеното со основната именка: подбрадок, потколеница, подочници, поднебје, подножје, потпокрив, подопашник, подморница; г) што се наоѓа под означеното со основната именка: подводен, подземен, поткожен.