подаде

Глагол, свршен

Значење на подаде:

1. Даде од рака в рака некому нешто. Подај ми го чадорот. Да ви ја подадам стомната, вода да не ви притреба.

2. Послужи со нешто. Откако го подаде кафето, домаќинката седна со гостите.

3. (спорт.) Во фудбалот и др. ‒ со удар или на друг начин префрли топка до свој соиграч.

4. Покаже, издаде надвор или испружи напред дел од телото. Ја подаде главата од прозорецот. Докторот му рече да го подаде јазикот. Ја подаде раката да се фати за оградата. Еленчето ја подаде муцката кон децата.

5. (ретко) Поднесе, предаде документ (пријава, молба и сл.) до надлежен орган.

Коњугација: (ќе) подадеа , (ќе) подадев , (ќе) подадел , подадат , подаден, подадоа , подадов , подај , подајте , подал .

Изведени зборови:

  • подавање, глаг. им. ср.
  • (се) подава, глаг. несв. (се) подаваат
  • се ~ подаде, 1. сп. подаде 4. Низ прозорецот се подаде русокосо момче. Најголемото од децата се подаде напред. 2. Стапи во сексуален однос (за женско лице).

Фразеолошки израз / поговорка:

Подаде рака ‒ 1. спружи рака за поздрав. 2. помогне, даде помош некому. 3. честита некому со ракување. 4. спружи рака за просење.

Оригинални податоци:

подаде, подадат; подај, подајте; подадов, подадоа; подал; (ќе) подадев, (ќе) подадеа; (ќе) подадел; подаден св. 1. Даде од рака в рака некому нешто. Подај ми го чадорот. Да ви ја подадам стомната, вода да не ви притреба. 2. Послужи со нешто. Откако го подаде кафето, домаќинката седна со гостите. 3. (спорт.) Во фудбалот и др. ‒ со удар или на друг начин префрли топка до свој соиграч. 4. Покаже, издаде надвор или испружи напред дел од телото. Ја подаде главата од прозорецот. Докторот му рече да го подаде јазикот. Ја подаде раката да се фати за оградата. Еленчето ја подаде муцката кон децата. 5. (ретко) Поднесе, предаде документ (пријава, молба и сл.) до надлежен орган. ● се ~ 1. сп. подаде 4. Низ прозорецот се подаде русокосо момче. Најголемото од децата се подаде напред. 2. Стапи во сексуален однос (за женско лице). ◊ Подаде рака ‒ 1. спружи рака за поздрав. 2. помогне, даде помош некому. 3. честита некому со ракување. 4. спружи рака за просење. ‖ (се) подава, (се) подаваат несв. ‖ глаг. им. подавање ср.