податлив

Придавка

Значење на податлив:

1. Што лесно може да се обработи, да се обликува, да послужи за нешто. Ликовна техника што само кај добар уметник е податлива за преливи и тонови...

2. (прен.) Што е неотпорен, што лесно паѓа под влијание. Многу години беа веќе одминале од нашите дискусии во мензата, за време на кои, еднаш, со назначена пакост, во неговата супа му фрлив кибрит; бидејќи беше податлив на жестоки напади на бес, тогај дојде до боксерски двобој.

Членувана форма: податливиот.

Изведени зборови:

  • податливо, прил. Податливо ги доближува усните за бакнеж.
  • податливост, и. ж.

Оригинални податоци:

податлив, податливиот прид. 1. Што лесно може да се обработи, да се обликува, да послужи за нешто. Ликовна техника што само кај добар уметник е податлива за преливи и тонови... 2. (прен.) Што е неотпорен, што лесно паѓа под влијание. Многу години беа веќе одминале од нашите дискусии во мензата, за време на кои, еднаш, со назначена пакост, во неговата супа му фрлив кибрит; бидејќи беше податлив на жестоки напади на бес, тогај дојде до боксерски двобој. ‖ податливо прил. Податливо ги доближува усните за бакнеж. ‖ податливост ж.