подбели

Глагол, свршен

Значење на подбели:

1. Побели, обели малку, донекаде. Многу рано косата му подбелела.

2. Побледи, избледи малку. Лицето му подбелело. Од долго носење алиштата веќе подбелеле.

Коњугација: подбелат.

Изведени зборови:

  • подбелува, глаг. несв. подбелуваат
  • подбелување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

подбели, подбелат св. 1. Побели, обели малку, донекаде. Многу рано косата му подбелела. 2. Побледи, избледи малку. Лицето му подбелело. Од долго носење алиштата веќе подбелеле. ‖ подбелува, подбелуваат несв. ‖ глаг. им. подбелување ср.