подбере
Значење на подбере:
1. Скине, набере лист, плод одоздола. Тутунот треба веќе да се подбере.
2. (прен.) Нападне, се нафрли на некого физички или со зборови, со викање. А и луѓето кога ќе врвеа крај него плашливо подбегнуваа настрана та да не ги подбере со роговите. Кога го подбра со нозе, му ги искрши коските. Директорот изутрина ги подбра тие што задоцниле на работа.
3. Спобрка, спотера некого да побрза во работа, во одење итн. Ако не ги подбереш, не се фаќаат за работа. Полицијата ги подбрала селаните и ги довела на сретсело.
4. Направи подбор, одбере, избере. Подбери нешто од алиштана, да им дадеме.
Коњугација: подберат.
Изведени зборови:
- подбирање, глаг. им. ср. подберување
- се ~ подбере, (обично со назив на место) Тргне некаде на пат. Еден ден, струшките приредбари се подбраа в Охрид...
- (се) подбира, глаг. несв. (се) подбираат -- (се) подберува, (се) подберуваат
Оригинални податоци:
подбере, подберат св. 1. Скине, набере лист, плод одоздола. Тутунот треба веќе да се подбере. 2. (прен.) Нападне, се нафрли на некого физички или со зборови, со викање. А и луѓето кога ќе врвеа крај него плашливо подбегнуваа настрана та да не ги подбере со роговите. Кога го подбра со нозе, му ги искрши коските. Директорот изутрина ги подбра тие што задоцниле на работа. 3. Спобрка, спотера некого да побрза во работа, во одење итн. Ако не ги подбереш, не се фаќаат за работа. Полицијата ги подбрала селаните и ги довела на сретсело. 4. Направи подбор, одбере, избере. Подбери нешто од алиштана, да им дадеме. ● се ~ (обично со назив на место) Тргне некаде на пат. Еден ден, струшките приредбари се подбраа в Охрид... ‖ (се) подбира, (се) подбираат / (се) подберува, (се) подберуваат несв. ‖ гл. им. подбирање / подберување ср.