подбутне

Глагол, свршен

Значење на подбутне:

1. Турне, оттурне нешто малку, слабо. Подбутни го креветот уште малку накај ѕидот. Ги подбутна дрвата во огнот подобро да горат.

2. (прен.) Помогне некому во работа, во напредување. Да го подбутнеме малку на почетокот, потоа сам ќе тера.

3. (прен.) Отфрли, престане да води сметка за некого. Го подбутнаа човекот сам да живее на село.

Коњугација: (ќе) подбутнеа , (ќе) подбутнев , (ќе) подбутнел , подбутнаа , подбутнав , подбутнал , подбутнат, подбутнат , подбутнете , подбутни .

Изведени зборови:

  • подбутнување, глаг. им. ср.
  • се ~ подбутне, Се турка заемно по малку, во одредена мера. Девојките се подбутнаа една со друга, се погледнаа и се закикотија.
  • (се) подбутнува, глаг. несв. (се) подбутнуваат

Оригинални податоци:

подбутне, подбутнат; подбутни, подбутнете; подбутнав, подбутнаа; подбутнал; (ќе) подбутнев, (ќе) подбутнеа; (ќе) подбутнел; подбутнат св. 1. Турне, оттурне нешто малку, слабо. Подбутни го креветот уште малку накај ѕидот. Ги подбутна дрвата во огнот подобро да горат. 2. (прен.) Помогне некому во работа, во напредување. Да го подбутнеме малку на почетокот, потоа сам ќе тера. 3. (прен.) Отфрли, престане да води сметка за некого. Го подбутнаа човекот сам да живее на село. ● се ~ Се турка заемно по малку, во одредена мера. Девојките се подбутнаа една со друга, се погледнаа и се закикотија. ‖ (се) подбутнува, (се) подбутнуваат несв. ‖ глаг. им. подбутнување ср.