поддотера
Значење на поддотера:
Дотера, украси уште малку, донекаде. Поддотерајте ја уште малку невестата оти идат сватовите. Ќе ја поддотераме уште малку работата.Коњугација: поддотераат.
Изведени зборови:
- се ~ поддотера, Се дотера уште малку, донекаде. Девојките се поддотераа и излегоа на сред село.
- (се) поддотерува, глаг. несв. (се) подотеруваат
Оригинални податоци:
поддотера, поддотераат св. Дотера, украси уште малку, донекаде. Поддотерајте ја уште малку невестата оти идат сватовите. Ќе ја поддотераме уште малку работата. ● се ~ Се дотера уште малку, донекаде. Девојките се поддотераа и излегоа на сред село. ‖ (се) поддотерува, (се) подотеруваат несв.