подѕида
Значење на подѕида:
Поткрепи со ѕид, ѕида од долната страна. Тој го подѕида горниот крај од дворот за да не се одронува земјата. Бреговите на реката ги подѕидавме со камен да не ги носи водата.Коњугација: подѕидаат.
Изведени зборови:
- подѕидува, глаг. несв. подѕидуваат ‒ повт. 1. сп. подѕида. 2. Ѕида по малку одвреме-навреме. Подѕидува кога ќе стигне, по малку.
- подѕидување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
подѕида, подѕидаат св. Поткрепи со ѕид, ѕида од долната страна. Тој го подѕида горниот крај од дворот за да не се одронува земјата. Бреговите на реката ги подѕидавме со камен да не ги носи водата. ‖ подѕидува, подѕидуваат несв. ‒ повт. 1. сп. подѕида. 2. Ѕида по малку одвреме-навреме. Подѕидува кога ќе стигне, по малку. ‖ глаг. им. подѕидување ср.