поделба

Именка, женски род

Значење на поделба:

1. Распределба на нешто на повеќе делови или меѓу повеќе единки. Поделба на имот на наследниците.

2. Делба на делови од кои се состои целината. Часот го делиме на минути и на секунди.

3. Делба на истородни предмети или поими на групи, видови, разреди итн. според определени карактеристики; класификација, систематизација. Традиционална поделба на мотиви и теми. Поделба на глаголите на свршени и несвршени. Поделба на живите суштества на Земјата на животни и растенија.

Множина: поделби.

Оригинални податоци:

поделба, мн. поделби ж. 1. Распределба на нешто на повеќе делови или меѓу повеќе единки. Поделба на имот на наследниците. 2. Делба на делови од кои се состои целината. Часот го делиме на минути и на секунди. 3. Делба на истородни предмети или поими на групи, видови, разреди итн. според определени карактеристики; класификација, систематизација. Традиционална поделба на мотиви и теми. Поделба на глаголите на свршени и несвршени. Поделба на живите суштества на Земјата на животни и растенија.