подели
Значење на подели:
1. а) Раздели целина на делови. Домаќинката го подели тестото на десет еднакви дела. Учениците го поделија теренот на два дела. б) (мат.) Врши операција на делење. Бројот 10 ќе го поделиме со два и потоа ќе го помножиме со три.
2. а) Изврши распределба помеѓу повеќе лица. Жената им ги подели јаболкате на децата. Наставничката им ги подели писмените работи на учениците. б) Меѓу себе. Луѓето го искорнаа компирот и (си) го поделија меѓу себе. Јатрвите ја поделија волната меѓу себе.
3. Во спортот, естрада и сл. ‒ даде, врачи. Водителката ги подели наградите за најдобра песна.
4. (прен.) а) Сподели нешто со некого. Тој ја подели својата болка со мајка си. Таа ги подели своите сомнежи за проневерата на благајникот со своите најблиски соработници. б) Меѓу себе. Тие си поделија многу тајни меѓу себе.
Коњугација: поделат.
Изведени зборови:
- поделување, глаг. им. ср.
- се ~ подели, 1. Изврши поделба на нешто, со некого или помеѓу повеќе единки. По смртта на родителите, браќата се поделија. 2. Се раздели, се распредели. Учениците се поделија во две групи. Нашата бригада се подели на неколку помали групи, секоја со своја задача.
- (се) поделува, глаг. несв. (се) поделуваат
Оригинални податоци:
подели, поделат св. 1. а) Раздели целина на делови. Домаќинката го подели тестото на десет еднакви дела. Учениците го поделија теренот на два дела. б) (мат.) Врши операција на делење. Бројот 10 ќе го поделиме со два и потоа ќе го помножиме со три. 2. а) Изврши распределба помеѓу повеќе лица. Жената им ги подели јаболкате на децата. Наставничката им ги подели писмените работи на учениците. б) Меѓу себе. Луѓето го искорнаа компирот и (си) го поделија меѓу себе. Јатрвите ја поделија волната меѓу себе. 3. Во спортот, естрада и сл. ‒ даде, врачи. Водителката ги подели наградите за најдобра песна. 4. (прен.) а) Сподели нешто со некого. Тој ја подели својата болка со мајка си. Таа ги подели своите сомнежи за проневерата на благајникот со своите најблиски соработници. б) Меѓу себе. Тие си поделија многу тајни меѓу себе. ● се ~ 1. Изврши поделба на нешто, со некого или помеѓу повеќе единки. По смртта на родителите, браќата се поделија. 2. Се раздели, се распредели. Учениците се поделија во две групи. Нашата бригада се подели на неколку помали групи, секоја со своја задача. ‖ (се) поделува, (се) поделуваат несв. ‖ глаг. им. поделување ср.