подене

Глагол, свршен

Значење на подене:

1. а) Започне разговор, иницира разговор. Тој го подена разговорот околу последните случувања. б) Започне кавга. Тој подена кавга со брата си околу наследството.

2. Задре некого; задене 2. Тој го подена за девојчето од соседите.

Коњугација: (ќе) поденеа , (ќе) поденев , (ќе) поденел , поденаа , поденав , поденал , поденат, поденат , поденете , подени .

Изведени зборови:

  • поденува, глаг. несв. поденуваат ‒ повт.
  • поденување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

подене, поденат; подени, поденете; поденав, поденаа; поденал; (ќе) поденев, (ќе) поденеа; (ќе) поденел; поденат св. 1. а) Започне разговор, иницира разговор. Тој го подена разговорот околу последните случувања. б) Започне кавга. Тој подена кавга со брата си околу наследството. 2. Задре некого; сп. задене 2. Тој го подена за девојчето од соседите. ‖ поденува, поденуваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. поденување ср.