подгази

Глагол, свршен

Значење на подгази:

1. Згази, нагази врз нешто, со газење оштети, измени облик на нешто. Ги подгази чевлите.

2. (прен.) Не достоја на даден збор, договор и сл. Тој не е достоен, зборот си го подгази.

3. (прен.) Навреди некого, не почитува во доволна мера. Си ги подгази родителите.

Коњугација: подгазат.

Изведени зборови:

  • подгазува, глаг. несв. подгазуваат
  • подгазување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

подгази, подгазат св. 1. Згази, нагази врз нешто, со газење оштети, измени облик на нешто. Ги подгази чевлите. 2. (прен.) Не достоја на даден збор, договор и сл. Тој не е достоен, зборот си го подгази. 3. (прен.) Навреди некого, не почитува во доволна мера. Си ги подгази родителите. ‖ подгазува, подгазуваат несв. ‖ глаг. им. подгазување ср.