подгори
Значење на подгори:
1. Изгори до некој степен. Во пожарот што изби, гредите на куќата подгореа.
2. За растение ‒ се исуши делумно, подвене. Оваа година пиперот подгорел.
3. За кожа, дел од телото ‒ изгуби свежина. Устата му подгоре од жед.
Коњугација: подгорат , подгореа , подгорев , подгорел , подгорен, подгорете , подгори .
Изведени зборови:
- подгорува, глаг. несв. подгоруваат ‒ повт.
- подгорување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
подгори, подгорат; подгори, подгорете; подгорев, подгореа; подгорел; подгорен св. 1. Изгори до некој степен. Во пожарот што изби, гредите на куќата подгореа. 2. За растение ‒ се исуши делумно, подвене. Оваа година пиперот подгорел. 3. За кожа, дел од телото ‒ изгуби свежина. Устата му подгоре од жед. ‖ подгорува, подгоруваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. подгорување ср.