подготвен

Придавка

Значење на подготвен:

1. Што е целосно направен, завршен, приготвен; готов. Подготвената книга ја предадовме во печатницата за печатење. Подготвениот ручек за утре го ставив во фрижидерот.

2. Што е со нужната подготовка, што има соодветно знаење, обука, искуство за работа во определена област. Подготвени кадри во образованието чекаат да се вклучат во образовниот процес.

3. Што е готов, спремен, решен за нешто. Тој е подготвен за на пат.

Членувана форма: подготвениот.

Изведени зборови:

  • подготвено, прил. Подготвено ги пречека.
  • подготвеност, и. ж.

Оригинални податоци:

подготвен, подготвениот прид. 1. Што е целосно направен, завршен, приготвен; готов. Подготвената книга ја предадовме во печатницата за печатење. Подготвениот ручек за утре го ставив во фрижидерот. 2. Што е со нужната подготовка, што има соодветно знаење, обука, искуство за работа во определена област. Подготвени кадри во образованието чекаат да се вклучат во образовниот процес. 3. Што е готов, спремен, решен за нешто. Тој е подготвен за на пат. ‖ подготвено прил. Подготвено ги пречека. ‖ подготвеност ж.