подготви

Глагол, свршен

Значење на подготви:

1. Направи, приготви однапред за постигање на некоја цел, намена. Владата подготви неколку мошне важни закони од сферата на економијата. Механичарите го подготвија авионот за лет. Земјоделците ја подготвија земјата за есенска сеидба. Тој подготви појадок за себе и за сестра си.

2. Обучи за вршење на некоја работа, дејност. Тој добро го подготви испитот.

3. Создаде услови за осознавање на некоја вистина. Социјалните работници ги подготвија децата пред да им ја соопштат вистината за нивните родители.

Коњугација: подготват.

Изведени зборови:

  • подготвување, глаг. им. ср.
  • се ~ подготви, Се стреми, се приготви. Спортистите се подготвија за стартот на новата сезона. Земјоделците се подготвија за есенската сеидба. Таа се подготви набрзина за состанокот. Тој добро се подготви за испитот по биологија.
  • (се) подготвува, глаг. несв. (се) подготвуваат

Оригинални податоци:

подготви, подготват св. 1. Направи, приготви однапред за постигање на некоја цел, намена. Владата подготви неколку мошне важни закони од сферата на економијата. Механичарите го подготвија авионот за лет. Земјоделците ја подготвија земјата за есенска сеидба. Тој подготви појадок за себе и за сестра си. 2. Обучи за вршење на некоја работа, дејност. Тој добро го подготви испитот. 3. Создаде услови за осознавање на некоја вистина. Социјалните работници ги подготвија децата пред да им ја соопштат вистината за нивните родители. ● се ~ Се стреми, се приготви. Спортистите се подготвија за стартот на новата сезона. Земјоделците се подготвија за есенската сеидба. Таа се подготви набрзина за состанокот. Тој добро се подготви за испитот по биологија. ‖ (се) подготвува, (се) подготвуваат несв. ‖ глаг. им. подготвување ср.