подгрее
Значење на подгрее:
1. Загрее, стопли нешто што е истинато, најчесто храна. Домаќинката го подгреа вчерашниот ручек и им даде на децата да јадат. Мајката им го подгреа млекото на децата.
2. (прен.) Поттикне, одново оживи мисла, идеја и сл. Таа ги подгреала старите страсти во него.
Коњугација: (ќе) подгреев , (ќе) подгрееја , (ќе) подгреел , подгреав , подгреаја , подгреал , подгреан , подгреат , подгреен, подгреј , подгрејте .
Изведени зборови:
- подгрева, глаг. несв. подгреваат
- подгревање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
подгрее, подгреат; подгреј, подгрејте; подгреав, подгреаја; подгреал; подгреан; (ќе) подгреев, (ќе) подгрееја; (ќе) подгреел; подгреен св. 1. Загрее, стопли нешто што е истинато, најчесто храна. Домаќинката го подгреа вчерашниот ручек и им даде на децата да јадат. Мајката им го подгреа млекото на децата. 2. (прен.) Поттикне, одново оживи мисла, идеја и сл. Таа ги подгреала старите страсти во него. ‖ подгрева, подгреваат несв. ‖ глаг. им. подгревање ср.