подигне

Глагол, свршен

Значење на подигне:

1. а) Дигне, крене на мала височина. Тој ја подигна торбата и сети дека е многу тешка. Го подигнал златниот пехар и одлеал од виното во чест на боговите. б) Поткрене, истави тоа што е со нешто поклопено, покриено. Ја подигна тешката плоча под која лежеше телото на загинатиот. Младоженецот ѝ го подигна велот на невестата и ја бакна.

2. Крене и стави, постави во вообичаена положба тоа што е паднато, спуштено, наведнато. а) За облека што се носи. Мајката му ги подигна паднатите панталончиња на детето. б) Дел од телото. Таа ја подигна главата од книгата само за момент и пак продолжи да чита. Тој ги подигна очите и го виде својот брат насмеан и весел. в) За поглед, глас и сл. Жената го подигна гласот и викна силно по човекот што одминуваше. Детето го подигна погледот кон неа молејќи за прошка.

3. Помогне некому да стане. Болничарот го подигна болниот на нозе. Полицаецот го подигна обвинетиот од столчето.

4. Изгради, издигне градежен објект (куќа, зграда, споменик и сл.). Граѓаните подигнаа ново училиште на местото на изгореното. Соседот подигна ѕид меѓу нашите две куќи. Вдовицата подигна црква на местото каде што ѝ загинаа мажот и синот.

5. Земе нешто од некаде, обично документи или парични средства. Тој ги подигна сите пари од банка. Таа ги подигна билетите од касата на театарот. Девојката го подигна пакетот од пошта. Ние ја подигнавме дозволата за градба од општината.

6. (прен.) Одгледа, изгледа. Дедо ми сам ги подигнал своите и децата од брат му кој загинал во војната.

7. Повиши, покачи ниво, подобри услови за живот, за работа и сл. Во последниве две години ние го подигнавме својот стандард. Вработените ја подигнаа продуктивноста на трудот со вонредни напори.

8. (мат.) Крене определен број на квадрат, куб и сл.

Коњугација: (ќе) подигнеа , (ќе) подигнев , (ќе) подигнел, подигнаа , подигнав , подигнал , подигнат , подигнат , подигнете , подигни .

Изведени зборови:

  • подигнување, глаг. им. ср.
  • се ~ подигне, 1. Се крене повисоко, стане од седната или легната положба. Гостинот се подигна од масата, сакаше нешто да рече, но без збор, пак седна. Тој се подигна на прсти. 2. (прен.) Дојде во претходна положба. Фамилијата материјална пропадна, но со усилби на сите членови од семејството се подигна на нозе. 3. Се подобри, дојде на повисок степен од порано. Општата култура на народот се подигна на повисоко ниво. 4. За расположение, дух, настроение и сл. Расположението на гостите значително се подигна со доаѓањето на новите забавувачи.
  • (се) подигнува, глаг. несв. (се) подигнуваат ‒ повт.

Фразеолошки израз / поговорка:

Подигне бунт (востание) ‒ сп. дигне. Подигне врева (шум) ‒ сп. дигне. Подигне рака на себеси (на некого) ‒ се убие/ убие некого. Подигне глава ‒ сп. дигне. Подигне глас ‒ изрази несогласување, негодување, протест. Подигне обвинение (тужба) ‒ поднесе обвинение (тужба) против некого (до суд, надлежен орган). Подигне очи (поглед) ‒ погледне, насочи поглед.

Оригинални податоци:

подигне, подигнат; подигни, подигнете; подигнав, подигнаа; подигнал; подигнат; (ќе) подигнев, (ќе) подигнеа; (ќе) подигнел св. 1. а) Дигне, крене на мала височина. Тој ја подигна торбата и сети дека е многу тешка. Го подигнал златниот пехар и одлеал од виното во чест на боговите. б) Поткрене, истави тоа што е со нешто поклопено, покриено. Ја подигна тешката плоча под која лежеше телото на загинатиот. Младоженецот ѝ го подигна велот на невестата и ја бакна. 2. Крене и стави, постави во вообичаена положба тоа што е паднато, спуштено, наведнато. а) За облека што се носи. Мајката му ги подигна паднатите панталончиња на детето. б) Дел од телото. Таа ја подигна главата од книгата само за момент и пак продолжи да чита. Тој ги подигна очите и го виде својот брат насмеан и весел. в) За поглед, глас и сл. Жената го подигна гласот и викна силно по човекот што одминуваше. Детето го подигна погледот кон неа молејќи за прошка. 3. Помогне некому да стане. Болничарот го подигна болниот на нозе. Полицаецот го подигна обвинетиот од столчето. 4. Изгради, издигне градежен објект (куќа, зграда, споменик и сл.). Граѓаните подигнаа ново училиште на местото на изгореното. Соседот подигна ѕид меѓу нашите две куќи. Вдовицата подигна црква на местото каде што ѝ загинаа мажот и синот. 5. Земе нешто од некаде, обично документи или парични средства. Тој ги подигна сите пари од банка. Таа ги подигна билетите од касата на театарот. Девојката го подигна пакетот од пошта. Ние ја подигнавме дозволата за градба од општината. 6. (прен.) Одгледа, изгледа. Дедо ми сам ги подигнал своите и децата од брат му кој загинал во војната. 7. Повиши, покачи ниво, подобри услови за живот, за работа и сл. Во последниве две години ние го подигнавме својот стандард. Вработените ја подигнаа продуктивноста на трудот со вонредни напори. 8. (мат.) Крене определен број на квадрат, куб и сл. ● се ~ 1. Се крене повисоко, стане од седната или легната положба. Гостинот се подигна од масата, сакаше нешто да рече, но без збор, пак седна. Тој се подигна на прсти. 2. (прен.) Дојде во претходна положба. Фамилијата материјална пропадна, но со усилби на сите членови од семејството се подигна на нозе. 3. Се подобри, дојде на повисок степен од порано. Општата култура на народот се подигна на повисоко ниво. 4. За расположение, дух, настроение и сл. Расположението на гостите значително се подигна со доаѓањето на новите забавувачи. ◊ Подигне бунт (востание) ‒ сп. дигне. Подигне врева (шум) ‒ сп. дигне. Подигне рака на себеси (на некого) ‒ се убие/ убие некого. Подигне глава ‒ сп. дигне. Подигне глас ‒ изрази несогласување, негодување, протест. Подигне обвинение (тужба) ‒ поднесе обвинение (тужба) против некого (до суд, надлежен орган). Подигне очи (поглед) ‒ погледне, насочи поглед. ‖ (се) подигнува, (се) подигнуваат несв. ‒ повт. ‖ глаг. им. подигнување ср.