подигра
Значење на подигра:
Разигра коњ малку, донекаде. Го подигра коњот пред да тргне на непријателската војска.Коњугација: подиграат.
Изведени зборови:
- подигрува, глаг. несв. подигруваат ‒ повт. 1. сп. подигра. 2. Игра по малку одвреме-навреме, понекогаш. Тој и сега подигрува фудбал понекогаш со маалските деца. 3. За дел од телото ‒ трепери, се движи неволно. Усните ѝ подигруваа од лутина.
- подигрување, глаг. им. ср. подигрување Кон зн. 1.
Оригинални податоци:
подигра, подиграат св. Разигра коњ малку, донекаде. Го подигра коњот пред да тргне на непријателската војска. ‖ подигрува, подигруваат несв. ‒ повт. 1. сп. подигра. 2. Игра по малку одвреме-навреме, понекогаш. Тој и сега подигрува фудбал понекогаш со маалските деца. 3. За дел од телото ‒ трепери, се движи неволно. Усните ѝ подигруваа од лутина. ‖ глаг. им. подигрување ср. Кон зн. 1.