подисправи
Значење на подисправи:
1. Исправи малку, донекаде, да стои, да биде право. Командантот застана пред пофалениот војник и му ја подисправи капата.
2. Исправи донекаде нешто што било криво. Мајсторот го подисправи тркалото толку колку што можеше да се исправи. Едвај ја подисправија жицата.
3. (прен.) Поправи, коригира нешто, малку, колку што е можно. Едвај ја подисправивме работата, толку што беше замрсена. Го подисправи малку текстот и го предаде кај професорот.
Коњугација: подисправат.
Изведени зборови:
- (се) подисправа, глаг. несв. (се) подисправаат ‒ повт.
- се ~ подисправи, Се исправи малку, донекаде. Стариот се обиде да се подисправи. Јавачот се подисправи во седлото и така со крената глава дојава до портата.
Оригинални податоци:
подисправи, подисправат св. 1. Исправи малку, донекаде, да стои, да биде право. Командантот застана пред пофалениот војник и му ја подисправи капата. 2. Исправи донекаде нешто што било криво. Мајсторот го подисправи тркалото толку колку што можеше да се исправи. Едвај ја подисправија жицата. 3. (прен.) Поправи, коригира нешто, малку, колку што е можно. Едвај ја подисправивме работата, толку што беше замрсена. Го подисправи малку текстот и го предаде кај професорот. ● се ~ Се исправи малку, донекаде. Стариот се обиде да се подисправи. Јавачот се подисправи во седлото и така со крената глава дојава до портата. ‖ (се) подисправа, (се) подисправаат несв. ‒ повт.