подизгледа
Значење на подизгледа:
Изгледа, одмери малку со поглед;Коњугација: подизгледаат.
Изведени зборови:
- подизгледува, глаг. несв. подизгледуваат ‒ повт.
Оригинални податоци:
подизгледа, подизгледаат св. Изгледа, одмери малку со поглед; сп. изгледа1 1. Полицаецот го подизгледа непознатиот, заврте со главата и полека го одмина. 2. Одгледа, воспита, подигне потомство до некое време, донекаде. Ги подизгледа децата со триста маки. Само да ги подизгледам децава, после и за мене белки ќе има бел ден. ‖ подизгледува, подизгледуваат несв. ‒ повт.