подизлиже

Глагол, свршен

Значење на подизлиже:

1. Излиже малку, само донекаде. Децата речиси го подизлижале мармаладот од чинивчето на масата.

2. Истроши малку со триење, со честа употреба. Чевлите си ги подизлижал на петиците.

Коњугација: (ќе) подизлижеа , (ќе) подизлижев , (ќе) подизлижел , подизлижаа , подизлижав , подизлижал , подизлижан, подизлижат , подизлижете , подизлижи .

Изведени зборови:

  • се ~ подизлиже, Се истроши, се излити од употреба. Панталоните се подизлижале на колената.
  • (се) подизлижува, глаг. несв. (се) подизлижуваат ‒ повт.

Оригинални податоци:

подизлиже, подизлижат; подизлижи, подизлижете; подизлижав, подизлижаа; подизлижал; (ќе) подизлижев, (ќе) подизлижеа; (ќе) подизлижел; подизлижан св. 1. Излиже малку, само донекаде. Децата речиси го подизлижале мармаладот од чинивчето на масата. 2. Истроши малку со триење, со честа употреба. Чевлите си ги подизлижал на петиците. ● се ~ Се истроши, се излити од употреба. Панталоните се подизлижале на колената. ‖ (се) подизлижува, (се) подизлижуваат несв. ‒ повт.