подизмачка

Глагол, свршен

Значење на подизмачка:

1. Измачка малку, донекаде.

2. Истрие малку со нешто, со лековита материја и сл. Го подизмачка коленото со ракија.

Коњугација: подизмачкаат.

Изведени зборови:

  • се ~ подизмачка, Се истрие малку со лековита материја. Се подизмачка со мелем колку што можеше да досегне.
  • (се) подизмачкува, глаг. несв. (се) подизмачкуваат ‒ повт.

Оригинални податоци:

подизмачка, подизмачкаат св. 1. Измачка малку, донекаде. 2. Истрие малку со нешто, со лековита материја и сл. Го подизмачка коленото со ракија. ● се ~ Се истрие малку со лековита материја. Се подизмачка со мелем колку што можеше да досегне. ‖ (се) подизмачкува, (се) подизмачкуваат несв. ‒ повт.