подизостри

Глагол, свршен

Значење на подизостри:

1. Изостри малку, донекаде, во некоја мера, повеќе или помалку. Арно си го подизострил ножот.

2. (прен.) Изостри однос, чувство, став и сл. Со годините, тој го подизостри осетот за мирис.

Коњугација: подизострат.

Изведени зборови:

  • се ~ подизостри, Кон зн. 2. Односите во семејството се подизострија.
  • (се) подизострува, глаг. несв. (се) подизоструваат ‒ повт.

Оригинални податоци:

подизостри, подизострат св. 1. Изостри малку, донекаде, во некоја мера, повеќе или помалку. Арно си го подизострил ножот. 2. (прен.) Изостри однос, чувство, став и сл. Со годините, тој го подизостри осетот за мирис. ● се ~ Кон зн. 2. Односите во семејството се подизострија. ‖ (се) подизострува, (се) подизоструваат несв. ‒ повт.