подизвлече
Значење на подизвлече:
1. Извлече, извади малку, донекаде некого или нешто од некаде. Едвај го подизвлекоа од под урнатините, колку да го одржат во живот.
2. (прен.) Извлече донекаде, спаси некого од тешка ситуација. Сите помогнаа и го подизвлекоа човекот од сиромаштијата.
Коњугација: (ќе) подизвлечеа , (ќе) подизвлечев , (ќе) подизвлечел , подизвлекле , подизвлекоа , подизвлеков , подизвлекол , подизвлечат , подизвлечен, подизвлечете , подизвлечи .
Изведени зборови:
- се ~ подизвлече, Се извлече, се спаси донекаде. Море, се подизвлече тој, ќе преживее.
- (се) подизвлечува, глаг. несв. (се) подизвлечуваат -- (се) подизвлекува, (се) подизвлекуваат ‒ повт.
Оригинални податоци:
подизвлече, подизвлечат; подизвлечи, подизвлечете; подизвлеков, подизвлекоа; подизвлекол; подизвлекле; (ќе) подизвлечев, (ќе) подизвлечеа; (ќе) подизвлечел; подизвлечен св. 1. Извлече, извади малку, донекаде некого или нешто од некаде. Едвај го подизвлекоа од под урнатините, колку да го одржат во живот. 2. (прен.) Извлече донекаде, спаси некого од тешка ситуација. Сите помогнаа и го подизвлекоа човекот од сиромаштијата. ● се ~ Се извлече, се спаси донекаде. Море, се подизвлече тој, ќе преживее. ‖ (се) подизвлечува, (се) подизвлечуваат / (се) подизвлекува, (се) подизвлекуваат несв. ‒ повт.