подјаде
Значење на подјаде:
1. Нагризе одоздола малку, во некоја мера. Глувци ги подјале вреќите со брашно. Црв го подјал коренот на цвеќето.
2. Поткопа, подрие. Реката го подјала брегот кај стариот мост.
3. (прен.) За здравје ‒ наруши, расипе малку, донекаде. Тешкиот селски живот му го подјаде здравјето на стариот. Работата во рудникот им го подјаде здравјето на рударите.
4. (прен.) Начне целина, потроши дел од нешто што требало да се зачува. Нашите комшии го подјадоа брашното што го чуваа за зимоска уште есента. Тој ги подјаде парите што ги чуваше за нова куќа, за да го прехрани семејството.
Коњугација: (ќе) подјадеа , (ќе) подјадев , (ќе) подјадел , подјадат , подјаден, подјадете , подјади , подјадоа , подјадов , подјал .
Изведени зборови:
- подјадува, глаг. несв. подјадуваат
- подјадување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
подјаде, подјадат; подјади, подјадете; подјадов, подјадоа; подјал; (ќе) подјадев, (ќе) подјадеа; (ќе) подјадел; подјаден св. 1. Нагризе одоздола малку, во некоја мера. Глувци ги подјале вреќите со брашно. Црв го подјал коренот на цвеќето. 2. Поткопа, подрие. Реката го подјала брегот кај стариот мост. 3. (прен.) За здравје ‒ наруши, расипе малку, донекаде. Тешкиот селски живот му го подјаде здравјето на стариот. Работата во рудникот им го подјаде здравјето на рударите. 4. (прен.) Начне целина, потроши дел од нешто што требало да се зачува. Нашите комшии го подјадоа брашното што го чуваа за зимоска уште есента. Тој ги подјаде парите што ги чуваше за нова куќа, за да го прехрани семејството. ‖ подјадува, подјадуваат несв. ‖ глаг. им. подјадување ср.