подлаже
Значење на подлаже:
1. Лаже малку, има навика да лаже по малку. Тој ќе подлаже овде-онде.
2. Мами во некоја мера. Тој ја подлажал девојката со слатки ветувања.
3. Залаже, смири за некое време некаква желба, потреба, глад и сл. Парчето леб само го подлажа детето, уште беше гладно.
Коњугација: (ќе) подлажеа , (ќе) подлажев , (ќе) подлажел, подлагаа , подлагав , подлагал , подлаган , подлажат , подлажете , подлажи .
Изведени зборови:
- подлажување, глаг. им. ср.
- се ~ подлаже, Се лаже себеси малку, во некоја мера. Таа се подлажа (себеси) дека сепак работите ќе се средат. Тој се подлажа со кафето и заборави да руча.
- (се) подлажува, глаг. несв. (се) подлажуваат ‒ повт. Тој подлажува одвреме-навреме.
Оригинални податоци:
подлаже, подлажат; подлажи, подлажете; подлагав, подлагаа; подлагал; подлаган; (ќе) подлажев, (ќе) подлажеа; (ќе) подлажел св. 1. Лаже малку, има навика да лаже по малку. Тој ќе подлаже овде-онде. 2. Мами во некоја мера. Тој ја подлажал девојката со слатки ветувања. 3. Залаже, смири за некое време некаква желба, потреба, глад и сл. Парчето леб само го подлажа детето, уште беше гладно. ● се ~ Се лаже себеси малку, во некоја мера. Таа се подлажа (себеси) дека сепак работите ќе се средат. Тој се подлажа со кафето и заборави да руча. ‖ (се) подлажува, (се) подлажуваат несв. ‒ повт. Тој подлажува одвреме-навреме. ‖ глаг. им. подлажување ср.